Петок, 26 октомври 2012 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ

Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како многу добри, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека тие се во постојан подем и постои зaемен интерес за нивно развивање и надградување во духот на добрососедски односи на сите нивоа и на сите полиња. Тоа не само што е во интерес на двете држави и на нашите граѓани, туку дава голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска перспектива



Среда, 17 октомври 2012 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на парламентот на Унгарија, д-р Ласло Ковер

Пред почетокот на официјалните разговори, претседателот на Унгарскиот парламент, д-р Ласло Ковер, придружуван од претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, положи венец на Споменикот на паднатите херои за Македонија



Вторник, 9 октомври 2012 година

Претседателот Вељаноски се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчак

Во пресрет на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија, претседателот Вељаноски истакна дека повторно очекува, по четврти пат, препорака од Европската комисија за започнување на преговори, со надеж дека на крајот на годинава во декември, конечно ЕУ ќе определи датум за почеток на преговорите. Тој потенцираше дека јавното мислење во огромен процент е определено за зачленување во НАТО и ЕУ и дека Република Македонија за своја цврста стратешка определба ја има целосната интеграција во НАТО и ЕУ



Вторник, 9 октомври 2012 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА СЛОВАЧКАта РЕПУБЛИКА, г. ПАВОЛ ПАШКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Словачката Република, г-ѓа Соња Мираковска, денеска остварија средба со претседателот на Национален совет на Словачката Република, г. Павол Пашка.

Click