ЕУ вести



Четврток, 24 октомври 2013 година

Ден на Обединетите нации

Денеска, 24 октомври, Организацијата на Обединетите нации празнува годишнина од ратификувањето на Повелбата на ОН во 1945 година. ОН се основани по Втората светска војна како замена на Лигата на народите, со иницијатива да се сопрат војните меѓу државите и да обезбеди платформа за дијалог.

Целите на ОН вклучуваат промовирање и олеснување на соработката во меѓународното право, меѓународната безбедност, економскиот развој, социјалниот напредок, човековите права, граѓанските права и слободи, политичките слободи, демократијата и постигнувањето траен мир во светот.

Во 1947 година, Генералното собрание на ОН го прогласило 24 октомври за одбележување на годишнината од Повелбата на ОН, а во 1971 година препорачало овој ден да биде државен празник во сите земји-членки на ОН.

Почетната бројка од 51 земја-членка на ОН, сега е зголемена на 193. Главното седиште на ОН е во Њујорк, а постојат канцеларии и во Женева, Најроби и Виена. Официјални јазици се арапскиот, кинескиот, англискиот, францускиот, рускиот и шпанскиот. Актуелен генерален секретар на ОН е г. Бан Ки-мун, кој е на оваа функција од 2007 година.

24 октомври традиционално се одбележува низ целиот свет преку културно-уметнички програми, средби, дискусии, посветени на целите и достигнувањата на оваа светска организација. Оваа низа активности, не се одржува само денеска, туку трае од 20 до 26 октомври.

 

Click