Понеделник, 7 октомври 2013 година
Пленарна седница на Европарламентот
Европскиот парламент, од 7 до 10 октомври во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе стане збор за тутунската индустрија, со цел цигарите да станат помалку атрактивни кај младите луѓе.
Европратениците ќе дебатираат и за заштита на животната средина, за новиот систем за гранична контрола, сириската бегалска криза, подемот на десничарскиот екстремизам во Европа и ситуацијата на Ромите во Европската унија.
Исто така, на агендата ќе се најдат и заштитата на човековите права, борбата против корупцијата и дискриминацијата, насилството врз жените и др.
На последниот ден од сесијата ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.