Петок, 14 октомври 2011 година
Учество на Македонска собраниска делегација на Конференција во Белград
Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик-претседател на Комисијата за економски прашања и пратениците: г. Миле Андонов, г. Неџати Јакупи, г. Николче Ацевски и г. Сафет Бишевац, на 17 и 18 октомври 2011 година, ќе учествува на Конференција во Белград, Република Србија, на тема „Енергија-Развој-Демократија: Моделирање на новата енергетска иднина на ЈИЕ“.
Конференцијата ќе се одржи во рамките на претседавањето на Република Србија со процесот на соработка во Југоисточна Европа.
На Конференцијата ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите од Југоисточна Европа, пратеници од Европскиот парламент и претставници од Советот на Европа.