Четврток, 8 октомври 2009 година, 11,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони (второ читање);
2. Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (второ читање);
3. Предлог на закон за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија (прво читање);
4. Предлог закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија (прво читање);
5. Предлог закон за Грбот на Република Македонија (прво читање);
6. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот (прво читање);
7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход (прво читање);
8. Барање за давање на автентично толкување на членот 29-г од Законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката поднесено од градоначалникот на општина Гази Баба.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи (второ читање);
2. Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова-КФВ по Договорот за заем за проектот ,,Наводнување на јужната долина на реката Вардар - фаза II" (второ читање);
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање);
4. Предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет (второ читање);
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање);
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање);
7. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министри на Украина за заемна заштита на класифицирани информации;
8. Барање за давање автентично толкување на членот 40 од Законот за државни службеници (Пречистен текст) односно член 31 од Законот за државните службеници поднесено од градоначалникот на Општина Битола.