Среда, 26 октомври 2011 година
ЕУ Самит за спас од кризата
Шефови на држави и влади на земјите-членки на Европската унија денеска ќе одржат Самит во Брисел за постигнување сеопфатен европски план за излез од финансиската криза и изнаоѓање решение за должничката криза во еврозоната.
Челниците од ЕУ, во неделата се договорија за целите и нацртите на стратегијата, која опфаќа:
- обезбедување на одржливи јавни финансии и поттикнување на економскиот раст;
- стабилизирање на финансиската состојба во Грција;
- јакнење на заштитната моќ на европскиот фонд за финансиска стабилност;
- враќање на довербата во банкарскиот сектор и подобро управување;
- поголема интеграција на земјите од еврозоната.
Притоа, се очекува и конкретен план од италијанската влада, по стравувањата за банкрот на Италија.