Петок, 29 октомври 2010 година

Измени на Лисабонскиот договор со цел финансиска стабилност

На дводневниот самит на Европската унија, кој започна вчера во Брисел и кој заврши неколку часа по полноќ, лидерите на земјите-членки на ЕУ го прифатија Акциониот план за мала измена на Лисабонскиот договор, во однос на воспоставувањето постојан кризен механизам за финансиската стабилност на еврозоната



Четврток, 28 октомври 2010 година

Дводневен самит на ЕУ во Брисел

Лидерите на Европската унија, денеска и утре во Брисел, ќе одржат самит, на кој главен акцент ќе се стави на засилувањето на економската контрола во државите-членки на ЕУ, како би се избегнале нови економски кризи во иднина.

За таа цел, посебна комисија, со која претседава претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, предложи мерки за засилување на финансиската дисциплина, кои ќе бидат разгледани од шефовите на држави и влади на Унијата.

На дводневниот самит, ќе стане збор и за евентуалните промени кај Лисабонскиот договор, за заедничката европска позиција во пресрет на средбата на Г-20 во Сеул и на Конференцијата на ОН за животна средина во Канкун, како и за претстојните средби на високо ниво со стратешките партнери на ЕУ - САД и Русија.



Петок, 22 октомври 2010 година

Заврши четиридневната пленарна сесија на Европарламентот

На октомвриската сесија на Европскиот парламент, која се одржа од 18 до 21 октомври во Стразбур, меѓу другото, беше покрената кампања за борба против сиромаштијата, со усвојување на резолуција за минимален приход и се даде поддршка за создавањето на служба за надворешна работа на Европската унија



Четврток, 21 октомври 2010 година

Продолжено породилното отсуство во ЕУ

На пленарната седница во Стразбур, Европскиот парламент со мнозинство гласови одлучи породилното отсуство во земјите од Европската унија да биде зголемено од 14 на 20 седмици, со полна плата. Исто така и за татковците е одобрено платено отсуство од најмалку две седмици



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре во Република Македонија

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре, во рамките на својата балканска турнеја, ќе ја посети и Република Македонија. На еднодневната посета во Република Македонија, претседателот на Европскиот совет ќе оствари средба со македонскиот државен врв.

Пред почетокот на турнејата, г. Херман Ван Ромпуј, во своето видео-обраќање, на властите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, им порача дека за Западниот Балкан стои отворено местото во европскиот дом.

Споровите треба да се решат пред земјите да бидат примени во Унијата и дека од нив се очекува многу да работат.

„Ни требаат поинтензивни севкупни реформи во клучните области: демократија, добро раководење, човекови права и владеење на правото. Корупцијата и организираниот криминал се закана за стабилноста и економскиот развој. Силната регионална соработка мора да води кон добри меѓусоседски односи”, посочи г. Херман Ван Ромпуj.

Теми кои се очекува да доминираат на овие средби се претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а се очекува да стане збор и за билатералниот проблем за името со Грција.

Воедно, претседателот на Европскиот совет на својата балканска турнеја ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 18 до 21 октомври, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, европратениците, меѓу другото, ќе повикаат на зголемување на инвестициите во научните истражувања, иновациите, образованието, енергетиката, ќе побараат поддршка за Палестина, како и започнување преговори за актуелната долгорочна буџетска рамка и нови начини за финансирање на буџетот



Петок, 8 октомври 2010 година

Европарламентот даде „зелено светло“ за безвизниот режим за БиХ и Албанија

Пратениците на Европскиот парламент на дводненвната пленарна сесија во Брисел (пред завршното гласање за визната либерализација), им честитаа на Албанија и на Босна и Херцеговина за усвоените европски стандарди во областите на правдата, слободата и безбедноста, и ги повикаа земјите-членки на ЕУ да дадат „зелено светло“ за безвизниот режим

Click