Вторник, 19 октомври 2010 година
Подобра примена на правото на Заедницата

Европската комисија на 1 октомври оваа година презентираше Годишен извештај за следење на примената на правото на Заедницата за 2009 година. Обрската на Комисијата секоја година да презентира годишен извештај е согласно барањето на Европскиот парламент од 1984 година.
Прочитај повеќе
Среда, 13 октомври 2010 година
Нови правила за капиталните побарувања и политиките на надоместоци во банкарскиот сектор

Советот на Европската унија на 11 октомври 2010 година усвои директива за измени на Директивата 2006/48/ЕС и Директивата 2006/49/ЕС, која има за цел зајакнување на капиталните побарувања и објавувања за портфолијата за тргување и за инструментите за реосигурување во банкарскиот сектор.
Прочитај повеќе
Среда, 13 октомври 2010
Нови упатства за усогласување на политиките на рударство и биодиверзитет

Европската комисија на 4 октомври објави нови упатства за појаснување на правилата кои се применуваат во индустријата за експлоатација на природни ресурси во заштитени природни подрачја. Со порастот на побарувачката на суровини во Унијата, пристапот до расположливо земјиште за експлоатација е прашање на кое му се посветува сè поголемо внимание. Економските импликации од оваа индустрија се мошне големи, во 2007 година во овој сектор биле вработени околу 290.000 луѓе.
Прочитај повеќе