Вторник, 25 октомври 2011 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски истакна дека односите меѓу двете земји во последниве години се движат во одлична насока, имајќи ги предвид возвратните посети на сите нивоа. Претседателот Вељаноски потенцираше дека сега е време државите од регионот да гледаат напред и да станат полноправни членки на ЕУ и на НАТО. За жал, Република Македонија од познати причини не е дел од овие институции и покрај реформите, успесите, трите позитивни извештаи од ЕК во шестгодишниот период во кој Република Македонија има статус на кандидат за член во ЕУ. Претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија се радува на успехот на своите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи зачленувањето на сите земји од регионот во ЕУ ќе биде придобивка и за ЕУ и за сите нејзини членки.
Прочитај повеќе
Петок, 21 октомври 2011 година
Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут

Соговорниците се согласија дека односите меѓу двете земји се добри и на билатерален план и во рамките на меѓународните организации. Економската соработка има добра основа, особено поради фактот што една австриска банка е веќе присутна на македонскиот пазар и истата со себе носи импулс за дополнителни инвестиции од австриски компании
Прочитај повеќе
Вторник, 18 октомври 2011 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со емирот на Државата Катар, неговото височество шеикот Хамад бин Калифа ал Танин

На самиот почеток на средбата, претседателот Вељаноски искажа уверување дека посетата значително ќе придонесе за натамошно унапредување на соработката со Државата Катар и размена на мислења по сите прашања од заеднички интерес на билатерален и мултилатерален план. Тој искажа задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, кои ги карактеризира висок степен на пријателство и разбирање, при што нагласи дека постои голем потенцијал за натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес, особено во економската сфера, со цел реализација на конкретни проекти за инвестирање во Република Македонија.
Прочитај повеќе
Четврток, 13 октомври 2011 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГРУПА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА КУВАЈТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи им добредојде на гостите истакна дека двете држави негуваат пријателски односи и соработка, дека постојат иницијативи за соработка во сите сфери. Претседателот Вељаноски нагласи дека двете држави треба да работат на поттикнување и отворање на можности за продлабочување на економската соработка, како и соработката на парламентарно ниво и на сите останати сфери од заемен интерес
Прочитај повеќе
Среда, 12 октомври 2011, Будимпешта
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ НА УНГАРИЈА, Г. ЛАСЛО КОВЕР

На средбата меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски и претседателот на Националното собрание на Унгарија, г.Ласло Ковер беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете пријателски земји. Соработката интензивно се одвива на сите нивоа, за што сведочат неодамнешните средби и посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Република Македонија. На парламентарно ниво соработката успешно се одвива на ниво на комисии, пратенички групи и на највисоко претседателско ниво, а се имплементира и Меморандумот за парламетарна соработка потпишан пред неколку години
Прочитај повеќе
Вторник, 4 октомври 2011 година
ПРОТОКОЛАРНA СРЕДБA НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИOТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Претседателот Вељаноски го поздрави фактот што од Република Унгарија доаѓа најголемиот инвеститор во земјава, и се заложи за понатамошна соработка во областа на економијата. Соговорниците изразија верување дека Република Македонија наскоро ќе биде дел од Европската Унија и со тоа ќе се даде дополнителен придонес за регионалната стабилност и безбедност. Од страна на претседателот Вељаноски, беше нагласено дека Република Македонија иако не е членка на НАТО, таа ги превзема сите обврски како полноправна членка. Претседателот Вељаноски ги поздрави добрите односи меѓу двата парламенти, потсетувајќи на потпишаниот меморандум за соработка меѓу двата парламенти при официјалната посета во 2008 година.
Прочитај повеќе