Петок, 22 октомври 2010 година
Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими претседателот на Владата на Црна Гора, г. Мило Ѓукановиќ

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсетувајќи на традиционално пријателските односи меѓу двете држави, истакна дека Република Македонија и Република Црна Гора споделуваат заеднички вредности и цели, а тоа се евроатлантските интеграции. Ова не само што придонесува во натамошно продлабочување на билатералните односи, туку дава и голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска интеграција, истакна претседателот Вељановски.
Прочитај повеќе
Вторник, 19 октомври 2010 година
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната поддршка кон нашите евроатлански интеграции од страна на Шведска, како земја вистински пријател на Република Македонија и особено го истакна успешното шведско претседавање со ЕУ минатата година и искажаната подготвеност од нивна страна да не поддржат во добивањето на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ
Прочитај повеќе
Четврток, 14 октомври 2010 година
Претседателот Вељаноски и пратениците земаа учество во хуманитарната акција - ден на службата

Во своето поздравно обраќање претседателот Вељаноски истакна дека со учеството на Собранието на Република Македонија во оваа хумана и благородна акција се афирмира и на дело се покажува заедничката солидарност на пратениците, без оглед на разликите кои тие ги имаат. Тој, исто така, изрази надеж дека со овој заеднички чин ќе се поттикнат и други акции на солидарноста со цел да им се помогне на најранливите категотрии граѓани во Република Македонија
Прочитај повеќе