Вторник, 29 октомври 2013 година, Чешка Република
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски во официјална посета на Чешката Република на покана на претседателот на Сенатот на Чешката Република, г. Милан Штех

На средбите со неговиот домаќин, г. Штех и претседателот на Владата на Чешката Република, г. Руснок, претседателот Вељаноски изрази задоволство од можноста за средба која е прва на највисоко парламентарно ниво и која е дополнителен импулс на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Чешката Република.
Прочитај повеќе
Среда, 16 октомври 2013 година
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2013 ГОДИНА

По повод примопредавањето на Извештајот, претседателот Вељаноски изрази задоволство за добивање на уште една, петта, препорака за започнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија и изрази надеж дека во декември на препораката ќе се надоврзе и датум за започнување на преговорите. Тој, воедно, истакна дека на патот на евроинтеграцијата, реформите се остваруваат за да се задоволат поставените критериуми, но тие пред сè се исполнуваат за бенефит на граѓаните.
Прочитај повеќе
Среда, 16 октомври 2013 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со потпретседателот на сејмот на Република Полска, г. Јежи Вендерлих

На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство и благодарност за постојаната и принципиелна поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска, како од свој искрен пријател. На средбата стана збор и за актуелните политички состојби, како и за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата кон членство во Европската унија, кој треба официјално да биде предаден денеска.
Прочитај повеќе
Понеделник, 14 октомври 2013 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со Делегација од Германскиот Бундестаг, предводена од пратеникот г. Штефан Клаудио Леме

Претседателот Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ја прими Делегацијата од германскиот Бундестаг предводена од пратеникот, г. Штефан Клаудио Леме, која воедно е Изборна делегација за селекција и избор на тројца стипендисти од Република Македонија кои ќе престојуваат пет месеци во германскиот Бундестаг и ќе бидат ангажирани во канцеларии на германските пратеници.
Прочитај повеќе
Сабота, 12 октомври 2013 година, Кабул
Државна делегација ги посети македонските мировници во Авганистан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со министерот за одбрана на Република Македонија, г. Талат Џафери и пратеникот во Собранието на Република Македонија, г. Оливер Спасовски, како членови на државната делегација, по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, ги посетија македонските мировници распоредени во Мисијата ИСАФ, во Авганистан.
Прочитај повеќе
Вторник, 8 октомври 2013 година, Будимпешта, Унгарија
Билатерални средби на претседателот Вељаноски на 6. Конференција на претседатели на парламенти од земјите на западен балкан

Во рамките на Конференцијата, претседателот Вељаноски оствари билатерални средби со своите колеги, домаќинот на Конференцијата, претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, со претседателот на Националното собрание на Република Албанија, г. Илир Мета, со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, г. Бранко Радуловиќ, како и со почесниот гостин на Конференцијата, г. Игор Радојчиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска.
Прочитај повеќе