Проект: “Поддршка на македонската парламентарна реформа“

Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) е независна фондација спонзорирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Велика Британија (FCO) и Одделот за меѓународен развој (DFID). Специјалност на ВФД е праментарно зајакнување и развој на политички партии, додека работи и на поддшка на изборни процеси и зајакнување на граѓанско општество. Ова го прави преку асистирање во развој на парламентите, политичките партии и организациите на граѓанското општество.  ВФД е во уникатна позиција за директно да користи експертиза од политичките партии во Вестминстер, членовите на парламентот (MPs) и деволуираните собранија, Британските граѓански организации и експерти во различни полиња.

Проектот

ВФД работи во Македонија од 2008 година, на програма која што нудела поддшка на различни аспекти од работата на Собранието на Република Македонија. 

Во септември 2017 година, Фондацијата за демократија на Вестминстер со поддршка на Британската амбасада во Скопје започна со имплементација на проектот: “Поддршка на македонската парламентарна реформа“.

Целта на овој проект е да ги постави основите за долгорочна поддршка на Собранието на Република Македонија, преку вршење на процена на капацитетите на човековите ресурси, поддршка во процесот на стратешко планирање и развој на препораки за подобрување на механизмите за финансиски надзор, транспарентност и отчетност. 

Очекувани излезни производи од овој проект се:

  • Излезен производ 1: Собранието има зајакнато знаење, свест и информации за да ги адресира прашањата поврзани со капацитетите на човековите ресурси, стратешкото планирање и припремата на буџетот;
  • Излезен производ 2: Собранието има зајакнато знаење, свест и информации за практиките и инструментите за да го зајакне финансискиот надзор;
  • Излезен произвор 3: Собранието е спремно да ја зајакне отвореноста и транспарентноста на своите комуникации со внатрешни и надворешни засегнати страни.


ПРОЕКТ: „Основање парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Македонија“

Од 2015 година, регионалното програмирање на ВФД за Западен Балкан се фокусира на ефективен финансиски надзор и отвореност на парламентите. Во август 2018 година почна нова регионална програма во која ќе вклучува осум парламенти од шест земји, јавни институции, политички партии и граѓански организации. 

Иницијативата за демократија во Западен Балкан е финансирана од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и ќе се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија. Програмата се фокусира на зајакнување на ефективните парламентарни практики, поддршка на политичките партии да бидат повеќе фокусирани на политики и ориентирани кон гласачите и зајакнат демократски дијалог и култура преку поддршка на сојузи за промени околу итните предизвици што влијаат врз животите на граѓаните. 

Парламентарна буџетска канцеларија 

ВФД работи во Македонија од 2008 година обезбедувајќи поддршка за подобрувањето на работата на Собранието на Република Македонија. Во декември 2018 година, како дел од Иницијативата за демократија во Западен Балкан, Фондацијата за демократија на Вестминстер, со поддршка на Британската амбасада во Скопје почна да го спроведува проектот: „Основање парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Македонија“.

Општата цел на проектот е да се зголеми капацитетот на собраниската служба да му дава поддршка на Собранието на Република Македонија за спроведување систематизиран и значаен финансиски надзор, преку обезбедување релевантни финансиски анализи и податоци.

Очекувани постигнувања:

  • Да се основа целосно кадровски екипирана и функционална Парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Македонија, како дел од служба на Собранието;
  • Да обезбеди ПБК со персонал, капацитет и експертиза за да можат да изготвуваат добро истражени анализи, кои ќе се засновани врз докази, и други продукти за буџетски и финансиски прашања за пратениците и комисиите;
  • Да создаде култура на финансиски надзор и да ги мотивира пратениците во Собранието на Република Македонија да баррат продукти од ПБК во процесот на спроведување финансиски надзор.

Воспоставувањето на Парламентарната буџетска канцеларија е правата иницијатива што ќе се спроведува со Собранието на Република Македонија како дел од Иницијативата за демократија во Западен Балкан. Соработката меѓу Собранието, ВФД и Британската Амбасада во Скопје ќе продолжи во рамките на програмата во наредните три години.

Click