Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата:
- го следи спроведувањето на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;
- ги разгледува иницијативите за изменување на деловниците;
- дава иницијативи за изменување и дополнување на деловниците;
- го разгледува извештајот на Државната изборна комисија за резултатите од изборите и на Собранието му поднесува извештај, со предлог за верификација на мандатите;
- ги разгледува основите за престанок на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;
- ги разгледува прашањата што се однесуваат на имунитетот на пратениците, судиите и јавниот обвинител и неговите заменици и
- разгледува други деловнички прашања во врска со мандатно-имунитетните права.
Претседател:
Невеновски Горан Членови:
Пандов Александар Тодоровски Павле Спасов Ѓорѓи Билали Мерсел Бошков Јордан Стојановски Томислав Кадриу Назми Митевски Драган