Комисија за градежништво и урбанизам Комисијата за градежништво и урбанизам има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
- просторното и урбанистичкото планирање;
- уредувањето на градежното земјиште;
- добрата од општ интерес и во општа употреба;
- станбеното и комуналното стопанисување;
- градежништвото и инвестиционата изградба и
- други прашања што се однесуваат на градежништвото и урбанизмот.
Претседател:
Селмани Аслан Членови:
Трајковски Танас Трпевски Александар Тодоров Ѓорѓи Панчев Ванчо Анушев Љупчо Дика Замир Настески Кирил Таири Мухамед