Работни тела

Комисија за прашања на изборите и именувањата 


Е-пошта: k-pii@sobranie.mk


Комисијата има претседател, дванаесет члена и нивни заменици.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

- поднесување предлози за избор и именување, односно разрешување на функционери кои гн избира, односно именува Собранието, ако со закон, Деловникот или друг акт на Собранието е определено ваков предлог да поднесува Комисијата;

- поднесување предлози за избори и именување, односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Уставот, закон, Деловникот или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;

- предлагање состав на постојаните и повремени работни тела на Собранието

- предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти;

- предлагање членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;

- предлагање членови на редакцискиот одбор на гласилото на Собранието;

- предлагање именување и разрешување претставници на Републиката во органите на управувањето и членовн на конкурсни комисии за избор на индивидуалнн работоводни органи кои се во надлежност на Собранието;

- предлагање состав на одбори и другн тела на Собранието за организирање и проведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на другн настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;

- давање мислење по предлозите за избор, односно именување носители на јавни функции кои ги избира, односно ги именува Собранието, а кои се предложени од други органи;

- разгледување предлози на прописи за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата и во рамките на законските овластувања донесува поблиски прописи за нивно извршување;

- донесување акти за кои е овластена од Собранието;

- донесување поединечни решенија за платите и за други примања на пратениците и функционерите кои ги избира или именува Собранието;

- донесување акт за одоивање 5% од платата за секој ден отсуство на пратеник кој најмалку три пати отсуствува од седница на Собранието, односно од седница на работното тело, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, односно на работното тело;

-ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на работните тела од редот на научните и стручните институции и асоцијации;

- определување во согласност со прописите, висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;

- одлучување по жалби против решенија на генералниот секретар на Собранието, доколку со закон или друг акт поинаку не е определено;

- давање исправки на акти што ги донесува и објавува Комисијата во "Службен весник на Република Македонија" и

- разгледување и други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

 

                           Претседател: КАМЕ ПЕТРОВ
 

 
   Заменик на претседателот: НАЗМИ БЕЌИРИ
 

 
                                  Членови: ЦВЕТЛЕ ЈАНЕСКА 
                                                   НИКОЛА ЌУРКЧИЕВ 
                                                   ИГОР ИВАНОВСКИ 
                                                   ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА 
                                                   ЧЕДОМИР КРАЉЕВСКИ 
                                                   ЉУПЧЕ МЕШКОВ 
                                                   ИЛИЈА КИТАНОСКИ 
                                                   ЉУПЧО БАЛКОВСКИ  
                                                   ЕЈУП РУСТЕМИ 
                                                   ХИСНИ ШАЌИРИ  
                                                   ИЛЈАЗ ХАЛИМИ 
 

 
       Заменици на членовите: СЛАВИЦА ГРКОВСКА 
                                                  РИСТЕ БИСЛИМОВСКИ  
                                                  НЕЖДЕД МУСТАФА 
                                                  СЛАВЕ АРСОСКИ  
                                                  БЛАГОЈ ГОЛОМЕОВ 
                                                  РОЗА ТОПУЗОВА-КАРЕВСКА 
                                                  МАРИЈА КОЈЗЕКЛИСКА 
                                                  ЖАРКО КАРАЏОСКИ 
                                                  ЕФТИМ МАНЕВ  
                                                  ГЗИМ ОСТРЕНИ 
                                                  ЏЕВДЕТ НАСУФИ 
Click