Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Е-пошта: kem@sobranie.mk
Комисијата има претседател, десет члена и нивни заменици.
Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на:
- разгледување на предлозите на закони и другите прописи што ги донесува Собранието од областа на трудот и социјалната политика, образованието и здравството, семејството и грижата за децата, како и други предлози на закони и други прописи од аспект на вклученоста на родовиот концепт во нив;
- разгледување на предлог Националниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите;
- следење на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика;
- следење на системот на мерки за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите преку доставени извештаи од Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика ;
- иницира донесување и изменување на закони и други прописи од областа на еднаквите можности на жените и мажите;
- поттикнување на соработката меѓу надлежните органи за прашања кои се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите;
- редовно информирање на Собранието за сите прашања сврзани со еднаквите можности на жените и мажите;
- соработката со соодветните комисии на другите земји и
- разгледува други прашања што се однесуваат на еднаквите можности на жените и мажите.
Претседател: ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
Заменик на претседателот: КОСАНА НИКОЛИЌ-МАЗНЕВА
Членови: НАДА ЦИПУШЕВА
ДРАГАН НАСТЕСКИ
ВЕСНА ПЕМОВА
ЕЛЕНА ПАВЛОВА
СВЕТЛАНА МАЗГАЛОСКА-ВУЧЕТИЌ
ГОЛУПЧО АНГЕЛОВ
СТАНКА АНАСТАСОВА
ДИВНА ЈОВКОВСКА-ЕФТИМОВСКА
ВЈОЛЦА МЕХМЕТИ-НУРЕДИНИ
МЕРАЛ УЗЕИРИ-ФЕРАТИ
Заменици на членовите: ВАСКО МИЦЕВСКИ
БЕТИ КУЗМАНОВСКА
АНЕ ЛАШКОСКА
ЛИЛЈАНА КУЗМАНОВСКА
ЦВЕТАНКА ИВАНОВА
МАРИНЕЛА МАРИЧИЌ-ТУШЕВА
МИТРЕ ВЕЛЈАНОСКИ
ВЕСНА БЕНДЕВСКА
БЕХИЏУДИН ШЕХАБИ
САДИЈЕ ИЛЈАЗИ