Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

КОМИСИЈА ЗА НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

 

Е-пошта: k-nadzor@sobranie.mk

Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање на граѓаните и други правни лица;
  • законитоста во спроведување на овластувањата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон;
  • методите и средствата што ги користат Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти;
  • материјалната, кадровската и техничката опременост на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање;
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и
  • други прашања што се однесуваат на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. 


претседател:  Љупчо Пренџов
заменик на претседателот:  Дарко Костовски
членови: 1) Славјанка Петровска
2) Павле Трајанов
3) Мирослав Јовановиќ
4) Бастри Бајрами
5) Борислав Крмов
6) Александар Николоски
7) Вјолца Адеми
8) Елми Азири
 заменици на членовите: 1) Јован Митрески
2) Боби Мојсоски
3) Марија Костадинова
4) Соња Михаиловска    
5) Зоранчо Јованчев
6) Петар Ристески
7) Бајрам Кадрија
8) Артина Ќазими