Александар Николоски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 24.3.1984 во Охрид. Македонец. Дипломиран политиколог, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Совет на Собраниски канал, заменик-член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, претседател
- Комисија за уставни прашања, заменик-претседател
- Комисија за надворешна политика, член
- Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), шеф на делегација
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член