Марјанчо Колевски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 29.5.1968 во Кратово. Дипломиран шумарски инженер, Шумарски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик-член
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член