Среда, 25 септември 2013 година, 12.00 часот, Сала 1
СЕДУМДЕСЕТ И ВТОРА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 23.9.2013 год.) (второ продолжение)
Дневен ред:
...
2. Предлози за избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија;
3. Предлог на програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2013 година;
4. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети;
5. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција;
6. Предлог на законот за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција;
7. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот - кракот за испорака на гас во Република Македонија;
8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лизинг (прво читање);
9. Предлог на закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски Комбинат АД Прилеп (прво читање);
10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (прво читање);
11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права (прво читање);
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор (прво читање);
13. Предлог на закон за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка (прво читање);
14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот (прво читање);
15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за научно - истражувачката дејност (прво читање);;
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците (прво читање);
17. Предлог на закон за дополнување на Законот за вработување и работа на странци (прво читање);
18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (прво читање);
19. Предлог на закон за изменување на Законот за судовите (прво читање);
20. Предлог на закон за прекршоците (прво читање);
21. Предлог на закон за правда на децата (прво читање);
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спортот (прво читање);
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законoт за лековите и медицинските помагала (прво читање);
24. Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, по скратена постапка;
25. Предлог на закон за правосудниот испит, по скратена постапка;
26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка, поднесен од пратеникот Малиша Станковиќ;
27. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство (второ читање);
28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука (второ читање);
29. Предлог на закон за изменување на Законот за иновациската дејност (второ читање);
30. Предлог на закон за дополнување на Законот за просветната инспекција (второ читање);
31. Предлог на закон за националната рамка на квалификации (второ читање);
32. Предлог на закон за матичен број (второ читање);
33. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (второ читање);
34. Предлог на закон за изменување и допoлнување на Законот за сигурност во железничкиот систем (второ читање);
35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (второ читање);
36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (второ читање);
37. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот зa градење (второ читање);

38. Дополнет предлог на закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (второ читање);
39. Дополнет предлог за закон за медиуми (второ читање);
40. Барање за давање автентично толкување на член 196 од Законот за извршување, поднесен од пратеникот Васил Пишев.