Среда, 18 септември 2013 година, 14.00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвото Тутунски Комбинат АД Прилеп (прво читање);
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (прво читање);
3. Предлог-закон за изменување на Законот за судовите (прво читање);
4. Предлог-закон за прекршоците (прво читање);
5. Предлог-закон за правда на децата (прво читање);
6. Предлог-закон за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка (прво читање);
7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор (прво читање);
8. Предлог-закон за дополнување на Законот за вработување и работа на странци (прво читање);
9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (прво читање);
10. Утврдување на Пречистен текст на Законот за минерални суровини.
Предлогот на дневниот ред се дополнува:
1. Предлог-закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција;
2. Предлог-законот за ратификација на Третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција;
3. Предлог-закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети (второ читање);
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спортот (прво читање);
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права (прво читање);
6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законoт за лековите и медицинските помагала (прво читање);
7. Барање за давање на автентично толкување на членовите 13 и 14 од Законот за радиодифузната дејност, поднесено од пратеникот Борче Ставров;
8. Барање за давање на автентично толкување на член 20 став 3 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесено од градоначалникот на Општина Штип м-р Илчо Захариев.