Понеделник, 27 септември 2010 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во дводневна официјална посета на Република Турција
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во дводневна официјална посета на Република Турција. Во рамките на посетата, претседателот Вељаноски денеска во Истанбул ќе оствари средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул.
Утре тој во Анкара ќе се сретне со својот пандан, претседател на Големото народно собрание на Турција, г. Мехмет Али Шахин и со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Република Турција и Република Македонија, г. Седат Кизилџикли.
Во официјалната делегација, предводена од претседателот Вељаноски, се и пратениците г. Кенан Хасипи, кој воедно е и претседател на Парламентарната група за соработка меѓу Република Македонија и Република Турција и пратениците г. Цветко Грозданов, г. Назиф Буши и г. Андреј Жерновски, членови на Парламентарната група.