Најави
Понеделник, 3 септември 2012 година, 14,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1.Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Државата Кувајт за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;
2. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за порамнување на долгот на Република Албанија кон Република Македонија во врска со порамнувањето на износите на сметките во рамките на стоковата размена меѓу Република Албанија и поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија;
3. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за соработка во областа на здравството и медицинските науки.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Литванија;
2. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за соработка и взаемна помош по царински прашања;
3. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за условите за патувања на државјани на двете земји;
4. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за реадмисија (враќање и прифаќање) на лица кои се без дозвола за престој.