Најави



Петок, 4 септември 2009 година, 11,00 часот, Сала “Борис Трајковски“

Јавна расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи

Националниот совет за евроинтеграции продолжува со организирање на јавни расправи за законите за кои е неопходна поширока дебата, а која ќе овозможи донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

За таа цел, Националниот совет за евроинтеграции организира Јавна расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Јавната расправа ќе се одржи на 4 септември (петок) 2009 година, во сала “Борис Трајковски“ со почеток во 11,00 часот.

Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.

Click