Најави



Петок, 25 септември 2009 година, 11,00 часот, Сала 4

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

Предлог на дневен ред:


1. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи (прво читање);

2. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова -  КФВ по Договорот за  заем за проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар- фаза II“ (прво читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање);

4. Предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет (прво читање );

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (прво читање );

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (прво читање).

Click