Среда, 30 септември 2009 година, 11,00 часот, Сала 4
Работен состанок на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска
Пратеничката Благородна Дулиќ, во својство на претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, ќе одржи работен состанок со пратеничката група.
На состанокот се поканети да учествуваат претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Антонио Милошески (или претставници од МНР), Н.Е. амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, г. Иван Кујунџиќ и претседателот на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, г-ѓа Снежана Тројачанец (со членови на ХЗМ).
Средбата ќе се одржи на 30 септември, во 11,00 часот, во Сала 4 и ќе биде отворена за медиуми.