Четврток, 3 септември 2009 година, 12,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за акредитација (прво читање);
2. Предлог на закон за градење (прво читање);
3. Предлог на закон за национална криминалистичко-разузнавачка база на податоци (прво читање);

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (прво читање);
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на Закон за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање);
2. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КФВ по Договорот за заем по проектот ,,Водовод и канализација на општините фаза I“ (второ читање);
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој, по договорот за кредит за Проектот за унапредување на цивилната воздушна пловидба (второ читање);
4. Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај ЕБОР по Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга (второ читање).