Петок, 30 септември 2011 година

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на Конференција во Варшава

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, ќе учествува на 46. заседание на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на Парламентите на земјите-членки и земјите-кандидати на Европската унија.

Конференцијата ќе се оддржи од 2 до 4 октомври во Варшава, Република Полска, како земја актуелен претседавач со Советот на Европската унија.

За време на состанокот, свое обраќање ќе имаат премиерот на Република Полска, г. Доналд Туск и г. Марош Шефович, заменик-претседател на Европската комисија, задолжен за меѓуинституционални и административни односи.



Вторник, 27 септември 2011 година

Надзорна распарава на тема „Спроведувањето на политиката во извршување на Законот за градење, Законот за општа управна постапка и Законот за инспркциски надзор во случајот за станбено-деловниот комплекс КОСМОС“

Целта на надзорната расправа е надзор на имплементацијата на политиката во извршувањето на Законот за градење, Законот за општа управна постапка и Законот за инспекциски надзор во случајот за комплексот КОСМОС



Понеделник, 26 септември 2011 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во студиска посета на Братислава

Во рамките на посетата делегацијата ќе има повеќе средби со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Словачка, потоа на Европската комисија во Словачка и други лица вклучени во ЕУ процесот на Словачка, а предвидена е и средба со членовите на Комисијата за европски прашања на Националниот совет на Република Словачка



Вторник, 6 септември 2011 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8. Септември - Денот на независноста на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г-ѓа Силвана Бонева, г. Рафет Муминовиќ, г-ѓа Ана Павловска Данева, г. Сафет Бишевац и г. Ивон Величковски, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Никола Кљусев и на гробот на Борис Трајковски, на 8 септември 2011 година, во 9,30 часот, на Градските гробишта „Бутел



Петок, 2 септември 2011 година

Средба на Кенан Хасипи со европратеникот Јорго Шацимаркакис

Ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европска унија (МПК-Република Македонија и ЕУ), пратеникот г. Кенан Хасипи, на 5 септември 2011 година во Собранието на Република Македонија ќе оствари средба со својот колега и европратеник, г. Јорго Шацимаркакис

Click