Вторник, 25 септември 2012 година
Седница на Генералното собрание на ОН
„Регулирање или решавање на меѓународните спорови или состојби по мирен пат“ ќе биде темата на 67. седница на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се одржува од денеска до 1 октомври во Њујорк. Се очекува присуство на повеќе од 100 шефови на држави или влади.
Како што истакна генералниот секретар на ОН, г. Бан Ки Мун, во фокусот на расправата ќе биде влошувањето на состојбата во Сирија. Меѓу прашањата од глобално значење, на агендата ќе се најдат и немирите на муслиманите поради навредливиот американски филм, како и иранската нуклеарна програма.
На маргините на Генералното собрание ќе се одржат и неколку средби посветени на насилството над жените, здравството, развојот, состојбите во Мјанмар и Јемен, како и посебни состаноци за Сирија и Иран.
Прочитај повеќе
Петок, 21 септември 2012 година
Меѓународен ден на мирот

Денеска, на 21 септември, се одбележува Меѓународниот ден на мирот, годинава под мотото – „ Одржлив мир за одржлива иднина“
Прочитај повеќе
Четврток, 20 септември 2012 година
Самит ЕУ-Кина

Сите билатерални, глобални и регионални прашања ќе бидат дел од агендата на 15. Самит на Европската унија и Народна Република Кина, кој ќе се одржи денеска во Брисел
Прочитај повеќе
Вторник, 18 септември 2012 година
Самит ЕУ-Јужна Африка
Денеска во Брисел ќе се одржи Петтиот самит на Европската унија и Јужна Африка, што ќе претставува нова етапа во меѓусебните односи, со цел да се засили стратешкото партнерство помеѓу двете страни.
На Самитот ќе се дебатира за некои клучни прашања, како глобалната економска состојба, климатските промени, трговијата, развојната соработка, мирот и безбедноста во Африка и на Блискиот Исток.
Унијата ќе ја застапуваат претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, додека јужноафриканската страна ќе ја претставува претседателот на државата, г. Џејкоб Зума.
Прочитај повеќе
Понеделник, 10 септември 2012 година
Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 10 до 13 септември, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која ќе стане збор за клучните приоритети на Европската унија во блиска иднина
Прочитај повеќе
Понеделник, 10 септември 2012 година
Шеесетгодишнина на Советот на ЕУ

Пред 60 години, од 8 до 10 септември 1952 година во Луксембург, е одржан првиот состанок на Советот на Европската унија, тогашен Специјален совет на министрите на Европската заедница за јаглен и челик, со само шест основачки земји-членки: Германија, Франција, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург.
Прочитај повеќе
Понеделник, 3 септември 2012 година
Европарламентот започнува со работа
Летната пауза заврши за европратениците и тие веќе денеска продолжуваат со својата работа. Оваа седмица политичките групи и комисии во Европскиот парламент ќе одржат состаноци на кои ќе се подготвуваат за септемвриската пленарна седница.
Денеска европратениците ќе расправаат за начините за создавање на вистински економски сојуз, а ќе се одржи и јавна расправа за тоа како да се олесни преминот од итна ЕУ помош во долгорочна развојна соработка, базирана на искуствата од Хаити, Авганистан и Нигер.
Исто така, Комисијата за граѓански слободи ќе гласа по предлогот за ограничување на пристапот до хемикалиите коишто можат да се користат за создавање експлозив дома, кој потоа се користи за терористички напади.
Истата комисија ќе гласа и по договорот на Советот за Европската година на граѓаните - 2013, година која ќе биде посветена на подигнување на свеста за правата кои ги уживаат граѓаните, посебно кога се движат во друга земја-членка на ЕУ.
В среда, претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, ќе оствари контакт со своите пријатели на социјалната мрежа „Фејсбук“, што е шанса за сите оние кои се заинтересирани да добијат одговор на некои прашања.
Прочитај повеќе