ЕУ вести



Петок, 25 септември 2009 година

Европски ден на јазиците

Во земјите од Европската унија се прославува Европскиот ден на јазиците - празник на многубројните јазици кои се говорат во ЕУ. Идејата на манифестациите кои ќе одржат во земјите од ЕУ е да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите. 

Во Брисел и Луксембург, кои се основните седишта на Европската комисија, ќе се одржи конференција на тема „Јазична обука од рана возраст“ со учество на комесарот за многујазичност, г. Леонард Орбан.

26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа, вклучително и јазичната шареноликост и доживотно изучувањето на јазиците. 

Click