ЕУ вести



Петок, 18 септември 2009 година

Германија само чекор пред ратификација на Лисабонскиот договор

Десет дена по Бундестагот, Бундесратот, го „исчисти“ патот за ратификација на Лисабонскиот договор од страна на Германија. Денеска, во вториот дом на германскиот сојузен парламент, беа изгласани придружните закони за европскиот реформски договор, со кои се засилени правата на соодлучување на Бундестагот и Бундесратот во европските прашања.

По ваквиот исход од гласањето, германскиот претседател, г. Хорст Келер, може да ги потпише ратификационите документи, кои се последен чекор од одобрувањето на Лисабонскиот договор од Германија.

За да стапи на сила, Лисабонскиот договор мора да биде потпишан од страна на сите 27 земји-членки на Европската унија. Процесот на ратификација, освен во Германија, мора да се доврши и во Чешка и Полска, а во Ирска следниот месец ќе се одржи втор референдум.

Click