ЕУ вести

Четврток, 10 септември 2009 година

Се бара стратегија за борба против свинскиот грип

Министрите за здравство на земјите од Г-7, Мексико и европскиот комесар за здравство, ќе остварат средба во Брисел, на која ќе расправаат за изнаоѓање мерки против ширењето на актуелниот грип A/H1N1.

Во фокусот на дискусијата ќе биде стратегијата за вакцинирање и набавка на вакцини. Втора важна точка од дневниот ред е прашањето како да им се помогне на земјите во кои има епидемија на свинскиот грип.

На последната средба на Светската здравствена иницијатива во Брисел, во декември 2008 година, пандемијата на грип беше една од темите на која се расправаше. Тогаш беше заклучено дека дури и со силно рестриктивни мерки, како целосно затворање на границите, малку е веројатно дека ќе се спречи ширењето на вирусот. Наместо тоа, важно е развојот на пандемијата да биде под строг надзор и да се врши контрола на нејзиното ширење.
Click