Вторник, 1 септември 2009 година, Гдањск
Седумдесет години од почетокот на Втората светска војна
Во Гдањск, Полска, денеска се одбележуваат точно 70 години од почетокот на Втората светска војна. Преку дваесет европски државници, предводени од полскиот претседател Лех Качињски и од премиерот Доналд Туск, положија венци во знак на сеќавање на жртвите.
Премиерот на Шведска, Фредерик Рејнфелд, е дел од меморијалната церемонија, како претставник на неговата земја, која претседава со Европската унија. Меѓу другите учесници се германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот премиер Владимир Путин.
На 1 септември 1939 година германскиот напад врз полуостровот Вестерплате пред градот Гдањск, под палката на Адолф Хитлер, значеше почеток на Втората светска војна, која однесе милиони жртви.