Понеделник, 12 септември 2011 година, 13,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И СПОРТ
Предлог на дневен ред:
1. Разгледување на Заклучокот на Собранието на Република Македонија усвоен на седницата одржана на 31 август 2011 година во врска со организирањето на јавна дискусија по Предлогот на законот за млади;
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование (второ читање);
2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард (второ читање).