Среда, 14 септември 2011 година, 11,00 часот, Сала 4
КОМИСИЈА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог закон за дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (второ читање);
2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (второ читање);
3. Предлог закон за дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (второ читање);
4. Предлог-закон за дополнување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за дополнување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај (прво читање);
2. Предлог на закон за дополнување на Законот за градење (прво читање);

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај (прво читање);
4. Одлука за одржување на Надзорна расправа на тема „Спроведување на политиката за примена на Законот за градење, Законот за општа управна постапка и Законот за инспекциски надзор за станбено деловниот комплекс Космос“.