Среда, 2 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски денеска го прими министерот за надворешни работи на Чешката Република, г.Јан Кохут

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, го истакна континуираното продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави на сите нивоа. Во тие рамки е и соработката меѓу двата парламенти, така во мај имавме посета на претседателот на Чешкиот сенат, господинот Соботка, а секако и посетата на чешкиот премиер Тополанек на Македонија придонесува тие билатерални односи да имаат нагорен тренд.
Прочитај повеќе
Четврток, 3 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, Н.Е.Тран Ван Тин

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, изрази надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе бележат зајакнување во меѓусебните економски и политички релации. Верувам дека интерес за ова има и кај двете страни. Во тие рамки, Собранието на Република Македонија е подготвено да придонесе во јакнење на меѓусебната парламентарна соработка.
Прочитај повеќе
Четврток, 3 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на Арапската Република Египет, Н.Е. г-ѓа Абдел Фатах Ахмед Фарах

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, оценувајќи ги односите како многу добри, истакна дека во иднина посебно внимание треба да се посвети на економската соработка која заостанува зад политичките односи. Тука верувам дека можеме многу да сториме, бидејќи економската соработка посебно во повисоки форми е во интерес на двете држави. Во тие рамки на соработка секако посебно место има парламентарната соработка. Во собранието имаме формирано група за соработка со државите од Блискиот и Среден Исток, а верувам дека преку оваа група, како и преку другите собраниски тела, можеме таа соработка да ја интензивираме, а во тие рамки претседателот Вељаноски упати покана до претседателот на Египетскиот парламент да ја посети Република Македонија.
Прочитај повеќе
Петок, 4 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на кралството Норвешка, Н.Е. Кјетил Паулсен

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, на средбата ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи со Норвешка и изрази уверување дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина. Притоа, посебно ја цениме поддршката која досега ни ја даваше Норвешка кон нашата евроатланска интеграција. Верувам дека оваа поддршка и понатаму ќе продолжи, а во истовреме ќе ја продлабочиме и билатералната соработка на сите нивоа, истакна претседателот Вељаноски.
Прочитај повеќе
Четврток, 10 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Арслан Хакан Окчал

На средбата, која се одржа по повод донацијата на книги од Големото Народно собрание на Турција за собраниската библиотека, уште еднаш беа потврдени високоразвиените пријателски односи меѓу двете држави.
Прочитај повеќе
Вторник, 15 септември 2009 година
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата 15 септември, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, во својот кабинет примаше граѓани кои го посетија Собранието.
Прочитај повеќе
Четврток, 17 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, во Будимпешта оствари работна средба со претседателот на Унгарскиот парламент, господин Бела Катона

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски осврнувајќи се на билатералните односи истакна дека тие се многу добри, а во тоа, свој голем придонес даваат и двата парламента. Помеѓу двата парламента имаме потпишано протокол за соработка кој се реализира преку соработка на сите нивоа, од редовни средби на парламентарните тела и групите за пријателство до средбите на претседатели.
Прочитај повеќе
Петок, 18 септември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Будимпешта учествува на Kонференција на претседатели на парламенти посветена на евроатлантските интеграции на државите од регионот Западен Балкан

На Конференцијата, која ја отвори претседателот на Унгарскиот парламент д-р Бела Катона, учествуваат и претседателите на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.
Прочитај повеќе
Петок, 25 септември 2009 година
Претседателот на Собранието Вељаноски се обрати на КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА опционален протокол кон конвенцијата против тортура и востановување на Национален превентивен механизам во република македонија

Сите сме свесни дека процесите на глобализацијата се неминовни и налагаат универзални решенија за многу работи меѓу кои е и превенцијата пред тортурата. Република Македонија е членка на Обединетите нации, а и како држава се определивме за евроатлантските интеграции. Затоа мораме од една страна да ги прифатиме тие универзални решенија и стандарди и да работиме на нивно развивање. Само така навистина можеме да бидеме дел од таа глобализација, односно од процесите на интеграција.
Прочитај повеќе