Среда, 25 септември 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со лорд спикерот на Горниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, баронесата Д’Соуза

Претседателот Вељаноски потенцираше дека денешната средба е само уште една потврда за пријателските и партнерски односи кои Република Македонија ги гради со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и уште една потврда за подготвеноста на двете страни за интензивирање на односите и соработката во сите сфери од заемен интерес и изрази задоволство од можноста заедно да придонесат кон унапредување на односите на двете држави, кои традиционално се добри и бележат континуиран развој



Вторник, 10 септември 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски

На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство и благодарност за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска. Во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија, г. Вељаноски истакна дека бурните времиња на Балканот се зад нас и граѓаните од регионот гледаат напред во европската иднина и перспектива на сите држави од Балканот. Во текот на разговорите, претседателот Вељаноски, исто така, потенцираше дека интеграцијата на целиот регион ќе биде значаен фактор за стабилизација на Европа, нагласувајќи дека Република Македонија ги спроведува сите неопходни реформи, и преку законодавниот дом и во целина.



Четврток, 5 септември 2013 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

На почетокот на средбата и двајцата соговорници се согласија дека меѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. На средбата, претседателот Вељаноски, истакна дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во eвропското семејство, и притоа потсети дека евроатлантските интеграции беа определба и константа на двете држави. Претседателот Вељаноски дополни дека двете држави заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Република Македонија беше блокирана од страна на нашиот јужен сосед.



Среда, 4 септември 2013 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со спикерот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела

Тој напомена дека оваа посета претставува уште една потврда за многу добрите односи меѓу Република Македонија и Канада, кои секако и во иднина ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија. Претседателот Вељаноски изрази задоволство и од формирањето на Канадско-македонската парламентарна група за соработка во рамките на Парламентот на Канада, во март оваа година. Со формирањето на оваа група преку директни контакти и средби со Македонската парламентарна група за соработка ќе се овозможи полесно користење на капацитетите кои ги нуди парламентарната дипломатија, а кои ќе придонесат за дополнитено развивање на меѓусебни односи. Претседателот Вељаноски на средбата изрази благодарност за признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на Канада во билатералната комуникација.

Click