ПРОЕКТИ

    

ПРОГРАМА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНА ПОДДРШКА 

Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) поддржана од Швајцарија цели кон поддршка на Собранието за подобрување на институционалниот кредибилитет и довербата меѓу јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните и преку дебата и одлуки до кои ќе се доаѓа на поинклузивен и консензуален начин.

Програмата за парламентарна поддршка ќе го поддржи Собранието на Република Северна Македонија (Собранието) во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчет. Специфичните цели на Програмата за парламентарна поддршка вклучуваат:

  • Институционалниот систем за проверка и рамнотежа (checks and balances) е зајакнат
  • Работата на Собранието е поефикасна
  • Собранието спроведува политичка контрола и надзор над Владата и другите јавни служби
  • Собранието донесува квалитетни закони засновани на добри аналитички информации според предвидлив собраниски календар
  • Собранието има подобрени акти за вклучување на граѓаните 
  • Собранието подобро ги информира граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи за својата работа
  • Собранието активно ги вклучува и комуницира со граѓаните/маргинализираните групи и граѓанските организации
  • Граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи имаат зголемени познавања за своите граѓански права и одговорности во процесот на креирање политики

Програмата за парламентарна поддршка ќе биде имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ) повикувајќи се и на македонската експертиза преку Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Програмата за парламентарна поддршка исто така ќе се потпира на институционалната експертиза од швајцарското Федералното собрание, естонскиот Риикикогу, Европскиот парламент, германскиот Бундестаг, МанаБалс.лв од Летонија и законодавната експертиза од други земји членки на Европската Унија со цел постигнување на политички консензус, зајакнување на практиките за управување со човечки ресурси, подобрување на информациско-комуникациските системи на Собранието, практиките за надзор над финансиите и собраниското обезбедување. Експертската помош исто така ќе вклучува поддршка и за Собранискиот ТВ канал.

Планирано времетраење на проектот: 01.07.2018 – 31.12.2029

Планиран буџет на проектот: 11 милиони швајцарски франци (CHF) 

 

Швајцарска поддршка на Собранието

Од 2010 година Швајцарија го поддржува Собранието на Република Македонија во воспоставувањето на нов оддел во Службата на Собранието – Парламентарниот институт. Примарна функција на Парламентарниот институт е подготовка на квалитетни и непристрасни истражувања и анализи за потребите на пратениците во разгледувањето на законите и нивната имплементација. Тој исто така ќе воведе модерна истражувачка архива и библиотека, ќе организира внатрешни обуки за Собранието како и ќе започне нови активности за приближување на Собранието до граѓаните.

Главната цел на овој проект е да им обезбеди пристап на пратениците до навремени, непристрасни, објективни и лесно достапни услуги и анализи, со тоа придонесувајќи кон аргументирани дискусии и зголемен квалитет на законите. Понатаму, преку воведување на иновативни услуги на Парламентарниот институт, од кои голем дел се е-услуги и се обезбедени на четири јазици – македонски, албански, англиски и француски, Собранието ќе ја модернизира својата работа, ќе ја зголеми транспарентноста, ќе ја подобри размената на информации со други европски парламенти, и ќе овозможи полесен пристап на граѓаните до Собранието.  

Во тековната фаза проектот се спроведува од Собранието на Република Македонија со советодавна поддршка од Националниот демократски институт. Во рамките на проектот е обезбедена експертиза и соработка со повеќе  парламенти од Европа (пред сé Чешка, Словачка и Швајцарија) како и од САД. Швајцарската проектна поддршка е во форма на донација во рамките на Буџетот на Република Македонија, базирана на стратешкиот план на Парламентарниот институт.

  • Времетраење на проектот: февруари 2010 – декември 2019
  • Износ на Швајцарската донација: 8.6 милиони швајцарски франци
  • Контакт: Амбасада на Швајцарија во Република Македонија, skopje@eda.admin.ch, www.eda.admin.ch/macedonia.
 
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.