Сојуз на реформски сили на Македонија
1991-1994
Стојан Андов
Роден е 1935 година во Кавадарци, Македонец. завршил Економски факултет. Избран за претседател на Собранието на СРМ. Живее во Скопје.
Андонов Тиме
Роден е 1957 година во Радовиш. Македонец. Заврши; Шумарски факултет- отсек Дрвна инддустрија. Директор на ШИК „Плачковица” во Радовиш. Живее во Радовиш.
Димов Тодор
Роден е 1947 година во с. Дрен, Неготино. Завршил Економски факултет. Работи во Стопанска банка- АД Скопје- филијала Неготино. Живее во Неготино.
Петар ЃорЃиев
Роден е 1944 година во Кавадарци. Македонец. Завршил Економски факултет. Раководител во Стоковната куќа “ Меркур- импорт” во Кавадарци. Живее во Кавадарци.
Јумеровска Ѓулистана
Родена е 1961 година во Куманово. Ромка. Завршила Медицински факултет. Работи како санитарен инспектор во Санитарната инспекција на Собранието на општина Куманово. Живее во Куманово.
ЗОРАН КРСТЕВСКИ
Роден е 1960 година во Скопје. Македонец. Завршил Правен факултет во Скопје. Потпретседател на Младата демократско- прогресивна странка на Македонија. Живее во Скопје.
Манчевски Јован
Роден е 1938 година во с. Панчарево, Берово. Македонец. Завршил Медицинсски фаакултет и специјализирал Педијатрија. Работи како лекар педијатар во Здравствениот дом во Виница. Живее во Виница.
Минов Панче
Роден е 1958 година во Кавадарци. Македонец. Завршил Правен факултет и Факултет за политички науки. Вработен во Собранието на општина Кавадарци. Живее во Кавадарци.
Наумоски Симон
Роден е 1941 година во Прилеп. Македонец. Завршил Технолошки факултет. Генерален директор на ПИ “Витаминка” во Прилеп. Живее во Прилеп.
Славе Наумовски
Роден е 1952 година во Гостивар. Македонец. Завршил Стоматолошки факултет и специјализација по орална и максилофацијална хирургија. Работи како асистент на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Живее во Скопје.
Поповски Димитар
Роден е 1941 година во Скопје. Македонец. Завршил Факултет за физичка култура и одбранил докторска дисертација. Вработен како професор на Факултетот за физичка култура. Живее во Скопје.