Hidden render



Вторник 21 септември 2010

Излагање на Андреј Жерновски, член на Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за миграција, бегалци и население

Целта на ова сослушување е да ги информира членовите на Комисијата за организирањето на криумчарење и нелегална трговија со луѓе за трудова експлоатација. Многу значајно за членовите ќе биде да дознаат за маршрутите на криумчарите, за нивните мрежи, за парите кои се вртат во активностите на криумчарење и нелегална трговија со луѓе за трудова експлоатација, кои се жртвите, видот на присилна работа со која тие се соочуваат, институционалните мерки и можните решенија итн.

Сите овие прашања ќе бидат разгледани од аспект на миграцијата.
Во текот на дискусијата треба да знаеме дека Конвенцијата за акција против нелегалната трговија со луѓе на Советот на Европа стапи во сила на 1 февруари 2008 година.

Сакам да потсетам дека Конвенцијата се базира врз признавањето на принципот дека нелегалната трговија со луѓе претставува кршење на човековите права и нарушување на дигнитетот и интегритетот на луѓето.

Понатаму, Конвенцијата се однесува на:
- Сите форми на нелегалната трговија со луѓе: национална и транснационална, без оглед на тоа дали е поврзана со организираниот криминал.
- Сите жртви: жени, мажи или деца.
- Сите форми на експлоатација: сексуална експлоатација, присилна работа или услуги, итн.

Во текот на дебатата очекуваме да чуеме примери и од нашите колеги за случаи од нивнате земји. Првиот случај се однесува на нелегална трговија со работници од Република Босна и Херцеговина, Република Србија и Република Македонија во Азербејџан. Се работи за 700 мигранти - градежни работници и тоа е еден од најголемиот број регистрирани случаи на нелегална трговија со луѓе за трудова експлоатација во Европа.

- Основните карактеристи на сите форми на нелегалната трговија со луѓе секогаш се исти: контрола и експлоатација на луѓе преку употреба на сила, закани или поради ранливоста на жртвите.
- Жените и децата = особено ранливи / се проценува дека најмалку половина од жртвите на нелегалната трговија со луѓе за тродова експлоатација се деца.
- Излагањата кои ги чувме денес јасно укажуваат дека денес присилна работа постои во секоја земја.
- Земјите членки треба да инвестираат повеќе ресурси во борбата против криумчарењето и нелегалната трговија со луѓе за трудова експлоатација:
Бидејќи нелегалната трговија со луѓе е современа форма на ропство, без оглед на целите на експлоатацијата, и претставува навреда на човековото достоинство;
Се претпоставуа дека протфитот од овој криминал е огромен, што значи високи економски загуби за остатокот од општеството;
Искуствата укажуваат дека колку повеќе ресурси се издвојуваат за истраги се наоѓаат повеќе жртви.

Треба да се фокусирам на 3 дела:
- Заштита
- Превенција
- Прогон

(како што е втемелено во Конвенцијата за акција против нелегалната трговија со луѓе на Советот на Европа)

Click