Hidden render



Понеделник 20 и вторник 21 септември 2010

Забелешки на претседателот на Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за миграција, бегалци и население, г. Џон Гринвеј

Го прогласувам состанокот за отворен.

Пред се сакам да изразам благодарност до македонската парламентарна делегација за поканата нашиот состанок да го одржиме во Националното собрание, особено за време на значајниот период во кој вашата земја претседава со Советот на министри. За многумина од нас кои учествуваа на состанокот на Постојаниот комитет во мај беа импресионирани од одличната организација и гостопримството на македонските власти. Затоа јас лично сум задоволен што овие два дена ќе ги поминеме овде. Имам особено големи очекувања од двете сослушувања кои се однесуваат на многу значајни прашања за нашата Комисија како и за регионот.

Почестен сум од присуството на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Велјаноски, кого имав прилика да го запознаам на убавиот прием што го организираше во манастирот Свети Пантелејмон. Пред да му дадам збор на претседателот на Собранието, имам неблагодарна должност да ве известам за смртта на нашиот колега г. Даниел Дукарме, чие присуство и придонес многу ќе ни недостига. Во писмото на сочувство кое заеднички го потпишав со претседателот на Комисијата за животна средина и култура предложивме нашите три комисии да одржат минута молчење во чест на Даниел. Предлагам да му одадеме почит и на претседателот на Комисијата за култура г. Ендрју Мекинтош кој почина во август.

До неодамна на нелегалната трговија со луѓе првенствено се гледаше преку призмата на сексуалната експлоатација. Но меѓународната заедница се повеќе сфаќа дека нелегалната трговија со луѓе се одвива и во други форми и области (земјоделието, градешништвото, домашните услуги итн.).
Навистина, во последните години некои идентификувани случаи фрлија светло врз стравотиите на трудовата експлоатација.

Случаи кои може да се споменатНа почетокот на оваа година 5 Романци беа осудени во Шпанија за трудова експлоатација на 24 Романци.
Лето 2010: азиски работници берат јагоди во Шведска.
Во 2004: 23 кинески берачи на какол умреа во Мурком Беј во Обединетото Кралство.
Ова се само некои од случаите.

Штотуку започнуваме да го истражуваме проблемот со криумчарењето луѓе за присилна работа, било за домашни услуги, земјоделие, работилници со никакви услови за работа или во градежништвото.

Постои огромна потреба од информации, статистички податоци и истражување на ова прашање. Основните карактеристи на сите форми на нелегалната трговија со луѓе секогаш се исти: контрола и експлоатација на луѓе преку употреба на сила, закани или поради ранливоста на жртвите.

Излагањата кои ги чувме денес јасно укажуваат дека присилна работа денес постои во секоја земја. Убедени сме дека земјите членки треба да инвестираат повеќе ресурси во борбата против криумчарењето и нелегалната трговија со луѓе за трудова експлоатација. Комисијата ќе изготви извештај за овој проблем.

Click