Совети



Петок, 19 февруари 2010 година

Обраќање на еврокомесарот г. Штефан Фуле во рамките на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската унија

Членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции денес присуствуваа на обраќањето на г. Стефан Фуле Комесар за проширување и европската политика на соседство. Обраќањето беше во рамките на Седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската унија што се одржа во Собранието на Република Македонија на 18 и 19 февруари 2010 година. Посетата на г. Стефан Фуле, на Република Македонија, е меѓу првите посети веднаш по именувањето на функцијата.

Еврокомесарот Фуле потенцираше дека Република Македонија значително се осврнала на клучните приоритети и значително ги исполнила Копенхашките политички критериуми. Овие елементи овозможија Европската комисија да препорача отворање на пристапните преговори. Од суштинско значење е земјата забрзано да продолжи со реформите. Одржувањето на добрососедски односи и изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за двете страни во рамките на ОН, останува клучно. Проширувањето на Европската унија е заеднички придонес, обезбедува најдобра можна рамка за политички, економски и социјален развој. 

 

 

 

 

Click