Совети



Среда, 2 септември, 2009 година

Принципиелна поддршка од Чешката Република за евроатлантската определба на Република Македонија

Членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции денеска имаа средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република г. Јан Кохут.



На средбата, претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска го запозна министерот за надворешни работи на Чешката Република г. Јан Кохут со составот и работата на советот и ги истакна неговите цели за 2009 година. Првата цел е да се донесе одлука за визна либерализација за македонските граѓани, при што претседателката на Националниот совет се заблагодари за големиот придонес што Чешката Република го даде за визната либерализација за да можат македонските граѓани од јануари 2010 година да патуваат без визи.

Втората цел на Националниот совет за евроинтеграции е оваа година Република Македонија да добие датум за преговори, што не е лесно, но е остварливо.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република г. Јан Кохут укажа дека клучни моменти за Република Македонија се исполнувањата на осумте одредници за добивање датум за преговори и дека има впечаток дека во Република Македонија има вистинска решителност и искрена заложба да се исполнат сите одредници, при што укажа на принципиелната поддршка од Чешката Република за евроатлантската определба на Република Македонија.

Click