Совети



Четврток, 19 февруари 2010 година

СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции г-ѓа Радмила Шекеринска, потпретседателот на Советот г-ѓа Силвана Бонева, членот г.Владо Камбовски и претставникот на Граѓанската платформа на Македонија, г. Александар Кржаловски, на 18 февруари 2010 година остварија средба со делегација на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент (АФЕТ), предводена од г. Алојз Петерле, шеф на делегацијата и членовите г. Георгиос Кумуцакос, г. Зоран Талер, г-ѓа Норика Николаи, г-ѓа Марије Корнелисен и г. Чарлс Танок.

Претседателот на  Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска ги запозна гостите со работата и со составот на советот.Истакнато беше дека Националниот совет за евроинтеграции работи врз основа на консензус, и дека негова цел е подготвување на Република Македонија за евроинтеграција. Националниот совет за евроинтеграции организира јавни дебати чија цел  е да се обезбеди поширока дебата во насока на донесување на квалитетни закони и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Од страна на претставниците на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, на средбата беше истакнато дека Советот е добра идеја и тоа не само за да ги следат настаните, туку и да влијаат врз настаните.

Click