Летонија во Еврозоната 10.7.13...



Среда, 10 јули 2013 година

Летонија во Еврозоната

Од 1 јануари 2014 година, Летонија ќе стане 18. членка на Еврозоната – одлучи Советот на министри за финансии на Европската унија

Прочитај повеќе

Самит на ЕУ 19.12.13...



Четврток, 19 декември 2013 година

Самит на ЕУ

Денеска започнува дводневниот самит на Европската унија во Брисел, во рамките на кој утре ќе бидат усвоени предлог-заклучоците донесени на 17 декември од Советот за општи работи на ЕУ во врска со проширувањето на Унијата

Прочитај повеќе

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ 18,12,13...



Среда, 18 декември 2013 година

Состанок на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на Европската унија, на вчерашниот состанок во Брисел, донесе заклучок за претстојниот Самит на Европскиот совет, во кој се вели дека на прашањето за отворање на пристапните преговори со Република Македонија, ќе се наврати во 2014 година.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 11.12.13...



Среда, 11 декември 2013 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент, од 9 до 12 декември во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу останатото, денеска ќе се споменат и главните теми за Самитот на Европскиот совет на 19 и 20 декември, како што се заедничката безбедносна и одбранбена политика, економијата и даночната политика

Прочитај повеќе

Конференција против сексуална злоупотреба на деца 10.12.13...



Вторник, 10 декември 2013 година

Конференција против сексуална злоупотреба на деца

Советот на Европа, во соработка со Владата на Шпанија, денеска и утре одржува Конференција во Мадрид, на тема: „Спречување на сексуална злоупотреба на децата“.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 19,11,13...



Вторник, 19 ноември 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 18 до 21 ноември, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за Буџетот на Европската унија за 2014 година. Како приоритети за следната година се одвојуваат вработувањето, истражувањето и иновациите, граничното управување и хуманитарната помош

Прочитај повеќе

Три кандидати за филмската награда „ЛУКС“ 8.11.13...



Петок, 8 ноември 2013 година

Три кандидати за филмската награда „ЛУКС“

Филмовите „The Broken Circle Breakdown“ на Феликс ван Гронинген (Белгија), „The Selfish Giant“ од Клио Бернард (Велика Британија) и „Miele“ на Валерија Џолино (Италија,Франција), се кандидати за овогодинешната филмска награда „ЛУКС“, која ја доделува Европскиот парламент.

Овие филмови ќе бидат прикажани во текот на „ЛУКС филмските денови“ од 7 до 13 ноември, а потоа во периодот 25 ноември - 6 декември ќе имаат своја промоција и во Европскиот парламент.

Европратениците ќе гласаат за својот омилен филм помеѓу 4 ноември и 10 декември, а победникот ќе го објави претседателот на Европарламентот, г. Мартин Шулц, на свечена церемонија на 11 декември во Стразбур.

Европскиот парламент финансира есенско прикажување на овие три филмови во сите 28 земји-членки на Европската унија, со титл на 24-те официјални ЕУ јазици.

Наградата „ЛУКС“, чие име на латински значи „светлина“, Европарламентот ја доделува од 2007 година, со цел да се сподели разновидноста и богатството на европската кинематографија и да се поттикне јавна дебата за тематиката од номинираните филмови.

 

Прочитај повеќе

Ден на Обединетите нации 24.10.13...



Четврток, 24 октомври 2013 година

Ден на Обединетите нации

Денеска, 24 октомври, Организацијата на Обединетите нации празнува годишнина од ратификувањето на Повелбата на ОН во 1945 година. ОН се основани по Втората светска војна како замена на Лигата на народите, со иницијатива да се сопрат војните меѓу државите и да обезбеди платформа за дијалог.

Прочитај повеќе

Европски самит 24.10.13...



Четврток, 24 октомври 2013 година

Европски самит

Денеска и утре Европскиот совет ќе одржи Самит во Брисел, во чиј фокус ќе биде економската и социјалната политика, вклучувајќи ја и невработеноста кај младите, како клучна цел во стратегијата на Европската унија

Прочитај повеќе

Петта препорака за старт на преговори за членство на Македо...



Среда, 16 октомври 2013 година

Петта препорака за старт на преговори за членство на Македонија во ЕУ

Во Извештајот за напредокот на Република Македонија кој го презентираше еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, по петти пат Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија.

Прочитај повеќе

Македонија во очекување на извештајот за напредокот 16.10.1...



Среда, 16 октомври 2013 година

Македонија во очекување на извештајот за напредокот

Денеска попладне, еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, ќе го објави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. Нашата земја по петти пат очекува позитивен извештај и препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Прочитај повеќе

„Сахаров“ награда за 16-годишната Малала Јусафа 14.10.13...



Понеделник, 14 октомври 2013 година

„Сахаров“ награда за 16-годишната Малала Јусафа

Шеснаесет годишната Малала Јусафа, пакестински борец за образование на жените, е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Европски ден против смртната казна 10.10.13...



Четврток, 10 октомври 2013 година

Европски ден против смртната казна

Генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд и високиот комесар за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, г-ѓа Кетрин Ештон, издадоа заедничка декларација за одбележување на 7. Европски ден против смртната казна - 10 октомври

Прочитај повеќе

Европскиот парламент усвои пакет мерки за цигарите 9.10.13...



Среда, 9 октомври 2013 година

Европскиот парламент усвои пакет мерки за цигарите

Цигарите со вкус на овошје и ментол, како и пакувањата со помалку од 20 цигари, во иднина ќе бидат забранети. Овој Предлог-закон, кој има за цел да ги направи цигарите помалку атрактивни за младите луѓе, беше усвоен од страна на Европскиот парламент

Прочитај повеќе

Тројца финалисти за наградата „Сахаров“ 7.10.13...



Понеделник, 7 октомври 2013 година

Тројца финалисти за наградата „Сахаров“

Во потесниот избор за наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која ја доделува Европскиот парламент, влегоа: белоруските политички затвореници Алеш Бјалацки, Едвард Лобу и Микола Статкевич, потоа Американецот Едвард Сноуден и пакистанскиот борец за образование на жените, Малала Јусафа.

Прочитај повеќе
1234     
Click