Аушвиц - вечен крик на очај и предупредување за човештвото...

Вторник, 13 јануари 2015 година

Аушвиц - вечен крик на очај и предупредување за човештвото

На одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, изјави дека Евреите во Европа сè уште се плашат за својата безбедност, дека тоа е нешто што застрашува и треба да се спротиставиме на тој страв. 

Прочитај повеќе

Литванија го усвои еврото...

Петок, 2 јануари 2015 година

Литванија го усвои еврото

На 15-годишнината од единствената европска валута, Литванија стана 19. членка на Еврозоната.

Почнувајќи од 1 јануари 2015 година, еврото постепено ќе го замени литасот како валута на оваа балтичка земја, која инаку е ЕУ членка од 2004 година. На новите литвански монети од едно евро, е изгравиран националниот грб од 14. век.

Прочитај повеќе

Летонија – нов претседавач со ЕУ...

Петок, 2 јануари 2015 година

Летонија – нов претседавач со ЕУ

Од стартот на 2015 година, Летонија го зазеде претседавачкото место со Советот на Европската унија. Оваа балтичка земја го презеде шестмесечното ротационо претседателство од Италија, а на 1 јули ќе му го предаде на Луксембург.

Прочитај повеќе

Европскиот парламент го награди филмот „Ида“...

Четврток, 18 декември 2014 година

Европскиот парламент го награди филмот „Ида“

Претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, ја додели годишната филмска награда „Лукс“ на режисерот Павел Павликовски за полско-данскиот филм „Ида“. Наградата има за цел да ја промовира европската разноликост и општествената важност на филмот на Стариот континент.

Прочитај повеќе

Инвестициски план на Еврокомисијата вреден 315 милијарди ев...

Среда, 26 ноември 2014 година

Инвестициски план на Еврокомисијата вреден 315 милијарди евра

Европската комисија најави нов инвестициски план, кој треба да обезбеди инвестиции од најмалку 315 милијарди евра во следните три години, сè со цел поттикнување раст и вработување во Европа.

Прочитај повеќе

Прва посета на папа на Европарламентот во последните 26 год...

Понеделник, 24 ноември 2014 година

Прва посета на папа на Европарламентот во последните 26 години

Утре, папата Францис, на покана на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц, ќе оствари официјална посета на Европскиот парламент во Стразбур, при што ќе одржи и свое обраќање.

Ова е прва посета на Европарламентот од страна на суверен папа во последните 26 години. Последен пат тоа се случило на 8 октомври 1988 година, кога папата Јован Павле Втори имал свое обраќање во европскиот законодавен дом.

Прочитај повеќе

Универзален ден на детето 2014...

Четврток, 20 ноември 2014 година

Универзален ден на детето 

Денеска се одбележува Универзалниот ден на детето и 25-годишнината од Конвенцијата за правата на детето. По тој повод претставници на Европската унија дадоа заедничка изјава, во која стои дека „децата секогаш биле и остануваат во срцето на политиката на ЕУ“.

Прочитај повеќе

Државјанство за 818.000 странци во ЕУ...

Вторник, 18 ноември 2014 година

Државјанство за 818.000 странци во ЕУ

Во 2012 година, 818.000 лица-странци се стекнале со државјанство во 28-те земји-членки на Европската унија, покажува статистиката на Еуростат.

Ова претставува зголемување од 4% во споредба со 2011 година и 6% плус во однос на 2009 година, а Мароканците и понатаму се главните приматели на ЕУ државјанство.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 12.11.2014...

Среда, 12 ноември 2014 година

Пленарна седница на Европарламентот

Оваа седмица, Европскиот парламент одржува пленарна седница во Брисел, на која, меѓу другото, ќе се одбележи и 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, со говор на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц. 

Прочитај повеќе

„Сахаров“ награда за конгонски гинеколог...

Петок, 24 октомври 2014 година

„Сахаров“ награда за конгонски гинеколог

Денис Муквеге, гинеколог од Демократската Република Конго, специјализиран за третман на жртвите на силување, е овогодинешниот добитник на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата.

Прочитај повеќе
1...567...9          
Click