Обраќање по повод одбележување на 20 години полноправно чле...

Петок, 27 ноември 2015 година

Обраќање по повод одбележување на 20 години полноправно членство на Црвениот крст на Република Македонија во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина

Почитувани присутни,
Дами и господа,
Ќе го започнам своето обраќање со зборовите на Анри Динан чија идеја е основата на Женевската конвенција од 1864 година и инспирација за создавање на Меѓународниот комитет на Црвениот крст: „Зарем не би било можно, во мирни времиња, да се формираат друштва за помош со цел обезбедување на грижа за ранети лица за време на војна преку посветени и целосно обучени волонтери? 

Прочитај повеќе

Димитриев и Ѓорчев на Регионален парламентарен дијалог...

Петок, 27 ноември 2015 година, Белград

Димитриев и Ѓорчев на Регионален парламентарен дијалог

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Емил Димитриев и членот на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев учествуваат на Регионален парламентарен дијалог на тема „Управување со миграциите, заштита на бегалците и борба против организираниот криминал“, кој се одржува во Белград, Република Србија, на 26-27 ноември 2015 година. 

Прочитај повеќе

Парламентарна Конференција на тема: "Работење на зајак...

Четврток, 26 ноември 2015 година, Јахорина

Парламентарна Конференција на тема: "Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан: Постигнувања и Перспективи"

Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците: г. Драган Цуклев, г. Jaмин Синани и г. Ѓорѓи Коџабашиев учествуваат на дводневна регионална парламентарна Конференција на тема: "Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан: Постигнувања и Перспективи", што се одржува на 26 и 27 ноември 2015 година во Јахорина, Босна и Херцеговина.

Прочитај повеќе

Триесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шума...

Среда, 25 ноември 2015 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 36. седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

Разгледан Извештајот за РM...

Вторник, 24 ноември 2015 година

Разгледан Извештајот за Република Македонија 

Комисијата за  европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска,   во рамките на 22. седница на Комисијата, расправаше по точката од  дневниот ред, посветена на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија во 2015 година.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Перинатална, доенечка и смртност н...

Понеделник, 23 ноември 2015 година

Јавна расправа на тема: „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на 20 ноември 2015 година одржа јавна расправа на тема: „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“. На Јавната расправа беа поканети и активно учество зедоа претставници од Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, Здруженија на педијатри, неонатолози, епидемиолози, анестезиолози, гинеколози, акушерки и други невладини организации кои ја третираат оваа проблематика.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА...

Понеделник, 23 ноември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше јавна расправа за Стратегијата за проширување на Европската унија. Целта на организирањето на јавната расправа беше важноста на среднорочниот стратешки документ за политиката на проширување на ЕУ кој го опфаќа периодот на мандатот на Европската комисија и особено имајќи го предвид новиот воведен пристап во годишното известување за напредокот. 

Прочитај повеќе

Работна посета на Парламентарниот институт на Чешкиот парла...

Понеделник, 23 ноември 2015 година, Прага

Работна посета на Парламентарниот институт на Чешкиот парламент

Делегација од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се: потпретседателот г-ѓа Рената Дескоска и пратениците г. Сашо Василевски, г-ѓа Јасминка Дамчевска, г-ѓа Нора Алити, г. Талат Џафери и г-ѓа Јагода Шахпаска, како и службеници од повеќе сектори во Собранието, престојуваат во работна посета на Парламентарниот институт на Парламентот на Чешката Република. 

Прочитај повеќе

Интерпарламентарен семинар за улогата на народниот правобра...

Четврток, 19 ноември 2015 година, Брисел

Интерпарламентарен семинар за улогата на народниот правобранител

Во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Европскиот народен правобранител, на 18 и 19 ноември 2015 година, во Брисел, Белгија, се одржува Интерпарламентарен семинар на тема „Улогата на народниот правобранител во модерната парламентарна демократија: регионална перспектива“.

На семинарот учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците,  г. Емил Димитриев, член на Комисијата, г. Ернад Фејзула, член на Комисијата и г-ѓа Рената Дескоска, член на Комисијата.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост во ...

Понеделник, 16 ноември 2015 година

Претседателот Вељаноски се потпиша во Книгата на жалост во Француската амбасада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се потпиша во Книгата на жалост отворена во Француската амбасада во Скопје по терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година.

Прочитај повеќе
1...171819...58                                                           
Click