Активности

Вторник, 4 август 2020

На Конститутивна седница Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците од десеттиот парламентарен состав

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа Првата - Конститутивна седница на десеттиот парламентарен состав, со која претседаваше претседателот од претходниот парламентарен состав г. Талат Џафери.

На пратениците што беа избрани на предвремените парламентарни избори, што се одржаа на 15 јули 2020 година, денеска им беше верификуван пратеничкиот мандат.

Претходно заседаваше Комисијата за верификација на мандатите на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, со која претседаваше пратеничката Јагода Шахпаска.

Комисијата едногласно го усвои Извештајот на Државната изборна комисија за предвремените парламентарни избори за избор на новите 120 пратеници.

Потоа Извештајот на Комисијата за верификација на мандатите на пратениците беше едногласно усвоен од сите присутни пратеници на Конститутивната седница.

На седницата присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на ДИК Оливер Дерковски, претставници на највисоките државни институции, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава. 

Првата - Конститутивна седница се одвиваше според посебни протоколи претходно утврдени од Комисијата за заразни болести.

Од тие причини првата пленарна седница се одржа во „Големата сала“, а не во салата „Македонија“, каде што се одржуваат пленарните седници.  

 

 Инсерти

» FLICKR