Активности

Понеделник, 22 јули 2019, КИЦ

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА „НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО НА АЛБАНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ШВЕДСКА“ 

Почитувани пратеници, 
Почитувани претставници на Владата на Република Северна Македонија,
Почитуван претседател на Здружението „Папа Клемент XI Албани“, г. Ибрахими,
Почитуван претседател на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје,
Почитувани творци, уметници, издавачи и љубители на уметноста, 
Почитуван Амбасадор Река, 
Дами и господа, 

На самиот почеток, дозволете да изразам задоволство што денес сме собрани тука на овој културен настан на кој ќе се промовира книгата „Национално богатство на Албанските иселеници во Шведска“, том 10-ти, што само по себе говори за континуитетот и за упорноста со која Здружението на Албански писатели и уметници „Папа Клемент XI Албани“ од Шведска ја реализира својата толку благородна мисија. И, не само што ја продолжува туку и ја проширува и продлабочува со склучување на нови договори за соработка со соодветни институции тука и во регионот, збогатувајќи го на овој начин своето портфолио меѓутоа и досието на албанскиот народ со податоци за актуелниот историски период, за минатиот и се разбира, и со периодот што следи.

Кога за прв пат се сретнав со г. Хусен, ми остави впечаток страста со која говореше за активностите на Здружението, целта штоп сака да ја постигне ова здружение и начинот како настојува да го постигне тоа. И да ви кажам искрено, ме израдува. Ме израдува затоа што беше различно од тоа што сум слушал досега. Свесни сме дека нашиот народ, иако тука не можам да ги исклучам и другите народи, во далечното минато, меѓутоа и блиското, актуелно а не се сомневам дека ќе продолжи и во иднина, го фаќал патот и тргнувал преку границите поради различни причини во различни временски периоди, односно, на почетокот сите оделе за обезбедување на залакот леб за семејството, додека последните години, иако првичната тенденција е финансиската сигурност, сепак нема да погрешам доколку речам дека прилично голем дел од младите одат за да учат, да истражуваат и да ги прошират своите хоризонти на знаење и со тоа повторно и можностите за еден подобар живот. Во природа на човекот е да биде љубопитен и да ги рашири крилата широко. И, не велам дека ова е сосема негативна појава меѓутоа, секако дека има свои недостатоци. Заминувањето од родното место носи со себе и откинување од образованието на мајчин јазик, од актуелните текови, од општествените развои, откинување од традицијата, заборавање на наследството, не намерно туку едноставно затоа што динамиката на современиот начин на живот го наметнува тоа, трчањето по времето кое никогаш не е доволно.

И, токму тука се појавува ова здружение кое со најголемото внимание настојува да ги евидентира настаните, да го чува духовното и книжевното наследство, истовремено збогатувајќи го тоа со нови содржини кои ќе послужат на младите генерации и токму тоа беше тоа што ме охрабри да го поддржам овој настан и да им честитам за нивната вредна и одлична работа што ја прават, за одржувањето ан комуникацијата помеѓу албанската заедница во иселеништво, за инспирацијата, за наследството и за одржувањето на врските со родниот крај. Вие со ова станувате дел од историјата.

Фактот што на овој настан ќе доделувате Признанија за истакнати албански творци и уметници од Република Северна Македонија е значаен затоа што со тоа јасно покажувате дека нивната работа и дело се валоризира и цени како дело кое во суштина не почестува сите нас како нација и како нивни сограѓани и тие се вистински амбасадори на албанското творештво и уметност насекаде низ светото. Изразувам моја висока почит за Вас творци и уметници и посакувам вашето перо и четка никогаш да не се суши!

Сега веќе сум информиран дека во оваа прилика Здружението на албански писатели и уметници „Папа Клементи XI Албани“ од Шведска ќе ме прогласи за Почесен член и сакам да кажам дека за мене е чест меѓутоа и одговорност да продолжам и понатака со мојот максимално професионален ангажман во вршењето на должностите на чие чело сум. Во мене ќе најдете посветен подржувач на вашето Здружение.

Имајте почит и ви посакувам уште многу успеси во вашата благородна мисија!

Ви благодарам на вниманието! 

Click