Активности

Среда, 22 јануари 2020 година

Педесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 57.Седница, одржана на 20 јануари 2020 година, како матично работно тело, по скратена постапка ги разгледа:

1. Предлог на закон за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид (скратена постапка);

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за сигурност во железничкиот систем (скратена постапка);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (скратена постапка);

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлог на закон за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид.

Комисијата, Предлог на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Во однос на Предлог на законот за изменување и дополнување на законот за сигурност во железничкиот систем и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење беа изготвени Дополнети предлози во кои се вградени амандманите усвоени од Комисијата за транспорт, врски и екологија и од Законодавно-правната комисија.

Click